181 санкции за непропуштање пешаци на пешачки премин

Facebook
Twitter
Email
Print

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (31.01.2022) спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин односно не ги почитуваат обврските како возачи. Санкционирани се 181 возач, од кои 110 на територија на Скопје, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

При акциската контрола санкционирани се и 228 друг вид на сообраќајни прекршоци. Само на територија на Скопје се изречени и 46 санкции за пешаци кои не поминувале на пешачки премин.

„Министерството за внатрешни работи и денеска и во наредните денови ќе продолжи со ваквите акциски контроли. Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници“, рече Ангеловски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи