ВИДЕО – Во Прилеп доделени над 500 хектари државно земјиште на 222 земјоделци


Во Прилеп денеска се доделија првите договори, од вкупно 222, за давање под концесија на државно земјоделско земјиште до 3 хектари. Вкупно во општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани се доделени над 500 хектари ваков вид на земјиште. И тоа за едногодишни култури на 15 години, а за повеќе годишни култури на 30 и повеќе години. Прилеп е лидер во Македонија според бројот на доделени вакви договори. Договорите ги додели министерот за земјоделство, Љупчо Николовски.

„И продолжуваме со праксата земјоделското земјиште да биде ставено комплетно во функција и да дојде во рацете на вистинските земјоделци, да се зголеми производството во нашата земја и навистина да продолжиме да се грижиме за земјоделците, како преку креирање на останати мерки и политики, така и преку она што сме го ветиле уште во 2016 година, а тоа е земјата да дојде во вистинскии раце, кај вистински земјоделци“, рече Љупчо Николовски, министер за земјоделство.

Во делот на земјишната политика ќе се правела и посебна платформа, апликација, каде на едно место ќе биле сместени сите договори и транспаретно ќе се знаело кој и колку добил државно земјоделско земјиште.

„Посебна компонента, за целосно софтверско средување, сателитски на целокупното земјоделско земјиште, односно тоа ќе значи на едно место, во еден систем, преку една апликација да ги имаме сите договори. Да има јасен транспарентен преглед секој преку телефон преку таа апликација, коии парцели се слободни, кои не се слободни, за тие за кои има договор дали е платена закупнината, дали се обработуваат, дали се земаат субвенции итн.“, додаде Николовски.

Земјоделците се задоволни од оваа политика на Владата, но се пожалија на скапите ѓубрива.

„Вака е поисплатливо и многу сигурно, си ги земаш на тендер, си работиш и немаш проблем никаков, а со приватните ниви се случува луѓето да се попиишманат и да ни откажат. Вака ни е сигурно, 15 години си тераш работа и немаш проблем никаков. Во моментов да се помогни на производстото за цената, на сите култури и моментално имаме проблем со високата цена на тараната, таа изнесува 2.600 денари за една вреќа“, вели Марјан Јанчески, земјоделец од село Беровци.

 

„Работиме земја, благодарни сме на Владава за зелената нафта, но ако може да се помогне некако и за ѓубривото. Сега зедовме 3 хектари пак, чуваме стока, крави имаме, пченица и пченка ќе произведуваме за наша употреба за стоката за храна“, вели Илбахар Мемишоски, земјоделец од село Кантларци.

На ниво на држава во моментов се потпишале над 900 вакви договори за . доделување на државно земјиште до 3 хектари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи