Кој што сака може да тврди, не знам за какви писма зборувате, но она што се гордеам е што режимот криминален 11 години го затвори Министерството и земјоделската земја се доделуваше токму на тајкуните на државата, а не на луѓето кои не ја обработуваат земјата. Ова денеска во Прилеп го истакна Љупчо Николовски, миниистер за земјоделство, одговарајќи на новинарско прашање во врска со обвинувања на Бојан Јованоски – Боки 13 кој преку отворени пиисмо го прашува Николоски да одговори колку има трансформирано државно земјоделско земјиште во државно градежно земјиште, колку законски процедури се прекршиле при тоа и за колку пари ја имаат разработено оваа криминална шема, како што тврди Боки 13, заедно со Заев, брат му Вице и уште неколку пајташи на кланот Заеви.
„На задоволство големо, еве ги луѓето може да ги прашате, дали тие се задоволни што земјата конечно стигнува во вистинските раце, кај вистинските земјоделци и тоа е промената на политиката, да земјоделското земјиште го ставите во функција на земјоделството, а не да доаѓа кај некој кој воопшто не работат таква работа, кај пратеници од ДПМНЕ, кај директори, кај некои кои го имаат земјоделското земјиште и земаат субвенции на криминален начин итн. За сите злоупотреби се поднесени соодветни постапки. Раскинати се договори за над 10.000 хектари земјоделско земјиште токму во мојот прв мандат за да се врати токму на овие луѓе, кои ја имаат земјоделската мака и кои знаат како е да се работи во земјоделството и на кои што даваме максимална поддршка. Склучивме огромен број на договори и над 10.000 хектари се вратени во рацете на вистинските земјоделци, е тоа е најголемата гордост да одработите за земјоделците, за државата и за оваа татковина“, рече Николовски.
Околу пренамената пак за земјиштето Николовски потенцираше дека пренамените на на земјиштето биле тековна работа кои во Министерството се уредени низ законска постапка.
„Има закон, има постапки, има процедури и за сите работи по барање на општини, по барање на останати правни субјекти, низ законита постапка има промена и пренамена на земјоделско земјиште и тоа не е ништо чудно. Такви се огромен број, имаше над 600 предмети во периодот 2017 година кога влегов во Министерство, претходно биле чувани низ разно разни процедури во предмети, во фиоки итн. на незаконит начин. Се она што е работено е во функција на развојот на земјоделството и во функција да земјоделското земјиште го имаат вистинските земјоделци, нешто за што денеска се гордееме кога викаме дека само за 1 недела имаме нови 500 договори и со тие политики ќе продолжиме, додаде Николовски.