Компаниите кои добија помош, а кои не го исполниja условот со шестиот пакет антикризни мерки треба да вратат дел од парите

Компаниите кои добиле финансиска поддршка преку шестиот пакет мерки, а не го исполниле условот за претворање на поддршката во грант, треба да вратат 20 проценти од добиената поддршка доколку го задржале истиот број на вработени или 50 проценти од поддршката ако имаат намалување на бројот на вработени.

Владата денес преку писмено соопштение ги предупреди менаџерите на компаниите.

„Со ова известување се информираат сите компании, кои добиле финансиска поддршка преку шестиот пакет на мерки, а кои не го исполниле условот за претворање на финансиската поддршка во грант, со зголемување на бројот на вработени според ефективни работни часови за еден вработен, дека износите од 20 проценти од добиената поддршка за оние кои го задржале истиот број вработени, или 50 проценти од добиената поддршка за оние кои имаат намалување на бројот на вработени, треба да се изврши на следнава буџетска сметка:

Назив на примач: Буџет на Република Северна Македонија
Трансакциска сметка: 100000000063095
Трезорска сметка : 630010001963019
Приходно конто: 725939 програма 00

Во цел на дознака: Враќање на раздел 04001 во буџет мината година“, се наведува во соопштението од Владата.

Од Влада ги информираат корисниците на оваа финансиска поддршка да ги подмират своите обврски најкасно до рокот за поднесување на завршна сметка за 2021 година. Сепак не наведуваат колку компании што добија буџетска поддршка во ковид пандемијата, ќе треба да враќаат дел од парите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи