Поранешниот пратеник Трајко Вељаноски од денеска е на слобода, односно излегува од куќен притвор, Апелациониот суд му ја прифатил понудената гаранција од недвижен имот, вреден 209 791 евра.
Вељаноски се наоѓаше во куќен притвор за предметот познат во јавноста како „Организаторите на 27 април“. Во овој случај, со пресуда од Основниот кривичен суд Скопје изречена на 26 јули лани, тој е осуден на 6,5 години затвор. Пресудата сè уште не е правосилна со оглед дека Апелација треба да одлучи за поднесените жалби од странките.
104