Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 вели дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во текот на утрешниот ден по повод 150 години од раѓањето на макеедонскиот револуционер Гоце Делчев во македонското собрание ќе поднесе Декларација која што ќе ги исцрта позициите по прашањето за Гоце Делчев.
Во текот на утрешниот ден пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи во рамките на парламентот Декларација со која што јасно ќе ги исцртаме нашите позиции по прашањето на Гоце Делчев, нагласи Мицкоски.
На прашањето доколку би бил премиер дали заедно со Крили Петков би положил цвеќе на споменикот на Гоце Делчев, претседателот Мицкоски рече да само доколку бугарскиот премиер Петков се сложи дека Гоце Делчев се борел за своја македонска независна држава.
Ако Петков се сложи дека Гоце Делчев е Македонец и се борел за своја македонска независна држава, тогаш немам никаков проблем, дециден е Мицкоски.
102