Krushevo Trail Challenge е новиот меѓународен фестивал на отворено кој што ќе се одржи оваа година во Крушево од 27-ми до 29-ти мај.
Станува збор за меѓународен фестивал на отворено во организација на клубот Златоврв од Прилеп, кој вклучува планинско трчање и на кој што ќе се одржат неколку трки, а се очекува да настапат околу 300 учесници.
Општина Крушево се вклучува со поддршка Krushevo Trail Challenge.
„Благодарност до организаторот – клубот Златоврв од Прилеп за организацијата и за сите субјекти кои го поддржуваат настанот. На состанокот констатиравме дека Крушево зимската сезона ја започна одлично и очекуваме таква атмосфера да имаме преку цела година благодарение на вакви и слични настани“, велат од Општина Крушево.
Одржувањето на фестивалот минатата година беше откажано поради кризната состојба со корона вирусот.
96