Во текот на вчерашниот ден во периодот од 11.00 до 16.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците, при што санкционирани се 318 пешаци.
Притоа 250 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 44 за минување на црвено светло…Од нив 156 на територија на СВР Скопје, 41 на територија на СВР Битола, 31 на територија на СВР Тетово… За време на контролата регистрирани се и 139 останати прекршоци.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
100