НУ Завод и Музеј – Прилеп подготвува постојана изложбена поставка „Роднокрајно музичко творештво“. Во интерес на успешно реализирање на овој проект ги повикува нашите сограѓани доколку некој има било какви информации или контакти со прилепски музички дејци на народна и забавна музика од нашето поблиско минато, да ја контактираат установата.
„Оваа поставка е во интерес на нашиот град и нашите сограѓани, како би го негувале и заштитувале нашето музичко творештво, а истовремено и трајно би го сочувале“, велат од НУ Завод и Музеј – Прилеп.
100