БК „7 Мај“ од Прилеп незадоволен од распределбата на ваучерите од Агенцијата за млади и спорт


Реакциите на распределабата на ваучерите од страна на Агенцијата за млади и спорт не стивнуваат. По Дејан Геогргиевски и Боречкиот клуб „7 Мај“ од Прилеп е незадоволен од распределбата на ваучерите, иако 2 години е шампион во женска конкуренција.

„7 Мај“ имаше учеснички на Балканското првенство, Ангела Трајкоска, и Медитеранското првенство игри, Барбара Стојкоска, доби многу помалку средства преку ваучер за клуб, а за индивидуални спортисти воопшто не добија ваучери.

„Годинава имаме ваучер од 150.000 денари, а лани имавме  270.000 денари. За индивидуални спортисти годинава не добивме никаков ваучер. Иако сме предводници во Македонија во женското борење, со најмногу женски борачки, ако клубот во машка конкуренција добил ваучер на 650.000 денари, не може клубот што е прв во женска конкуренција да добие само 150.000. Во секој случај, ова е дискриминација“, вели секретарот на 7 Мај, Душко Стојаноски, додавајќи дека поднеле документација за две борачки, Барбара и Ангела, како учеснички на Балканско и на Медитеранско.

Извор: ipon.mk

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи