Со 10 освоени медали Кик Бокс Клубот Максам Тим од Прилеп „растури“ на државното првенство


Во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, во организација на Кикбокс Маитаи федерација на Македонија (КМФМ) се одржа државното кикбокс првенство 2022 за сите возрасти во категории (татами – кик лајт, ринг – лоу кик и к1).

На првенството учествуваа 246 натпреварувачи од вкупно 27 кикбокс клубови од целата држава. Натпреварувањето се одвиваше во одлична спортска атмосфера и одлична организација од страна на КМФМ.

Кик Бокс Клубот Максам Тим од Прилеп после подолга пауза поради корона пандемијата излезе на државно првенство со 11 учесници . 9 во машка и 2 во женска конкуренција.

„Сите натпреварувачи од нашиот тим одлично се покажаа и имаа одлични борби .За 8 од нив ова беше прв настап прво искуство. За пофалба беше кај децата од 7,8 9 години кои покажаа одлична храброст и интересни борби .Светла иднина за нашиот клуб и Кик бокс спортот во Прилеп. На крај на натпреварот КБК Максам Тим од Прилеп имаше освоено 10 медали“, вели Пеце Ангелески од Кик Бокс Клубот Максам Тим.

 

  • Теа Велкоска – 1 место Државен првак сениори
  • Андреа Димеска – 1 место државен првак постари кадети
  • Стефан Петрески – 2 место деца
  • Леонид Ристески – 2 место деца
  • Матеј Ангелески – 2 место деца
  • Христијан Ристески – 2 место постари кадети
  • Андреј Смилевски – 3 место постари кадети
  • Алексеј Колароски – 3 место деца
  • Дамјан Баракоски – 3 место деца
  • Филип Ујгуноски сениори – 3 место сениори

„Без медал на 5 место беше Лука Најдоски во силна и голема конкуренција. За него ова беше прво искуство, прва борба. Се покажа одлично, но сепак искуството си го направи своето. Задоволни сме од настапот, после долга пауза со млада нова екипа. Упорната работа на нашите тренери Катерина Атанасоска за женската екипа и Мартин Димески за машката екипа вродува со успех. Продолжуваме со упорна работа не очекуваат уште многу натпревари оваа година на домашна и меѓународна сцена“, додава Ангелески.

На овој настан се одржа и семинар за судиите и тренерски семинар.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи