ВИДЕО – Со покачувањето на струјата и минималецот доведен во прашање опстанокот на јавните претпријатија


Со новите сметки за струја и покачувањето на минималната плата доведена е во прашање работата на ЈКП „Комуналец“ Прилеп. Од таму велат дека сметките за електрична енергија биле зголемени за 5 пати, последната изнесувала 800.000 денари. Велат дека преживуваат од ден за ден, ако не добијат поголема помош од општината и државата во прашање бил и опстанокот на претпријатието во чиј буџет не биле претходно пресметани новите трошоци.

„Нема да може да се издржи. И со покачувањето исто на минималната плата. Тука би сакал да го спомнам и тоа. Не дека ние сме протиив покачувањето на минималната плата за работнициите, но ние работиме со лимитирани буџети и ќе биде тешко и не знаеме до кога ќе можеме да одговориме на овие потреби“, рече Рубин Абрашоски, директор на ЈКП „Комуналец“ Прилеп.

И од Општината велат дека доведена е во прашање нормалната работа на сите јавни претпријатија, велат дека оваа криза може да се надмине само со поголема помош од државата и претпријатијата да плаќаат по поефтина тарифа.

„Сметаме дека поголемиот дел од товарот треба да го понеси власта, дали со сунвенционирање или со намалување на тарифата. Со еднас одлука на Владата каде што ќе се изедначи барем со домаќинското користење на енергијата“, вели Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

Инаку пред 3 месеци ЈКП „Комуналец“ започна со масовна акција за чистење на дивите депонии во околината на Прилеп. Досега се исчистени 10-тина диви депонии или околу 1.300 метри кубни градежен шут. Но со поскапувањето на горивото и за тоа се трошат повеќе средстав. Се апелира до граѓаните да бидат посовесни и да не фрлаат отпад каде ќе стигнат.

„Наместо тие средства да ги користиме за подигање на диви депонии би ги намениле за некоја друга работа која е поприоритетна за граѓаните на Општина Приилеп“, изјави Рубин Абрашоски, директор на ЈКП „Комуналец“ Прилеп.

Од здружението на јавни претпријатика на Македонија АТКОМ веќе побарале средба со Владата по овие прашања и се надеваат дека ќе се надмине оваа ситуација.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи