Полициски службеници од СВР Битола денеска (16.02.2022) од 13.00 до 17 часот, спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници.
„При контролата, биле откриени и санкционирани три возила со неисправни сопирачки, кои веднаш се исклучени од сообраќајот, а изготвени се и соодветни поднесоци. Од нив две возила на територија на Битола и едно возило на територија на Прилеп. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од СВР Битола.
111