Од СВР Битола информираат дека денеска (17.02.2022) во временскиот период од 15 до 18 часот, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп и ОВР Прилеп на патот кон вештачкото езеро во Прилеп ги затекнале Р.Ј. (39), М. Б (50),С. А.(45) и Р.С.(23), сите од Прилеп, како превезувале бесправно исечени дабови дрва во количина од 5 м3 натоварени на запрежни возила.
„На друга локација во близина на Прилеп пронајдени се бесправно исечени дабови дрва во вкупна количина од 3 м3. Во текот на преземањето на дејствата од полициските службеници било затекнато и возило „опел аскона“ со лажни регистарски ознаки, управувано од А. К. (59), кое е одземено за натамошна постапка. По документирање на случаите, против овие лица ќе следат соодветни пријави“, велат од СВР Битола.
128