ВИДЕО – ЛАГ АГРО ЛИДЕР ја промовираше Е-HELP платформата за подобрување на давањето на социјалните услуги


ЛАГ АГРО ЛИДЕР во соработка со Центарот за социјална работа од Прилеп ја воведоа новата услуга, дигиталната платформа e-help, која ќе биде од огромна помош за граѓаните кои преку неа ќе можат да се информираат за своите права, услугите кои ги дава Центарот, како и за мерки од националните програми за вработување.

„Предноста на овој дигитален простор е што навистина достапноста до информацииите е многу лесна, со неколку кликнувања граѓаните можат навремено да се информиираат за правото кое што можат да го искористат доколку исполнуваат услови, кои документи треба да ги поднесат, а воедно и на самата платформа има барање што може да го симнат, да го пополнат, да заштедат на време и да не треба да одат во Центарот да се информираат, да земаат барања, туку овде го симнуваат, го пополнуваат, ги знаат сиите документи кои им се потребни и аплицираат директно во центарот кој што е надлежен за нив“, изјави Марина Тошеска, ЛАГ АГРО ЛИДЕР.

Проектот се реализира со поддршка на Австриското министерство за социјални работи и три партнер НВО од Австрија.

„Во рамките на проектот планирана е студиска посета во мај оваа година, со цел засегнатите страни вклучени во проектот да имаат можност да се запознаат со конкретни примери од „добри практики“ во Австрија со примарен фокус на социјалните услуги. Како австриско аташе за Северна Македонија, задоволен сум што имплементацијата на овој проект Е-Помош работи толку добро и што наскоро ќе имаме делегација на проектот во Австрија“, кажа Харолд Фугер, аташе на Австриското Федерално Министерство за социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачи.

 

„Многу важен елемент во нашиот проект е креирањето на дигитална платформа. Затоа, многу сум задоволен што оваа платформа може да биде претставена и објавена денес. Со активна поддршка на нашите партнери и пред се со локалниот партнер – Марина и нејзиниот регион – стана возможно да се подготви сосема нов и навистина одличен елемент за населението, особено населението во руралните средини“, вели Стефан Нидермозер, проектен менаџер.

Платформата има и советодавна улога преку чет службата, таа е достапна за лица со попреченост и содржината за правата е достапна и во аудио форма. Платформата е достапна на три јазици – македонски, албански и англиски јазик.

„И на овој начин ние напрваивме една поедноставна платформа, која што е лесна за користење од страна на граѓаните, се со цел да се информираат за правата и услугите и да го најдат соодветното барање, да го испечатат, да го потполнат и да го донесат до надлежниот центар за социјална работа. Истото може да го направат и на старната на Министерството за труд и социјална работа , но ова е една поедноставна форма за користење на граѓаните“, додаде Дејан Тошески, директор на Центар за социјална работа Прилеп.

Овој проект се реализира во општините Прилеп, Долени, Кривогашттани, Градско, Велес и Чашка.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи