Ново зголемување на цените на нафтените деривати од полноќ, одлучи денес Регулаторната комисија.
Имено, од полноќ бензините ќе се продаваат по цена повисока за половина денар, а дизелот останува со непроменета цена.
Согласно новата одлука, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 82,5 денари за литар, на Еуросупер БС-98 ќе биде 84,5 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство кое исто поскапува за половина денар ќе се продава по дена од 73,5 денари за литар. Цената на дизелот останува 74 денари за литар.
104