Годинава по 20 јубилеен пат ќе се одржи Карневалот „Прочка“. Отворањето како и секоја година ќе се случи во петок, на 4 март, во 12 часот, со изложбата на рачно изработени традиционални маски кои ќе бидат изложени во НУЦК „Марко Цепенков“ во ликовниот салон.
Главното дефиле ќе се случи во недела на 6 март во центарот на Прилеп во 12 часот кога ќе продефилираат маските. Оваа година нема да има гости од странство поради пандемијата, токму поради тоа нема да има дефиле на детски маски во сабота, туку сите маски ќе настапат заедно во неделата.
Во 13: 30 часот ќе има концерт на „Фолтин“ на централната бина на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“.
180