На 23.02.2022 во 15.30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Кривогаштани го лишиле од слобода З. К. (32) од Кривогаштани.
„При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една малокалибарска пушка „Брно“ со монтиран оптички нишан и монтирани ногарки, 235 куршуми калибар 221мм, 25 куршуми калибар 9 мм, 5 куршуми калибар 7,9мм, 90 куршуми калибар 8х57, една рачна шок бомба, четири рачни чадни бомби и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. З.К., исто така, се сомничи дека сторил кривично дело „кражба“. Поради сомнение за сторена кражба бил приведен и М.С.(28) од с.Бела Црква, општина Кривогаштани. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави“, се вели во соопштениет на СВР Битола.
175