На 23.02.2022 околу 19.30 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода тројца малолетници од Прилеп.
„Тие се сомничат дека во периодот од 16.50 до 17.03 часот на железничката станица во Прилеп ги промениле скретниците со кои се менува правецот на коловозната линија по која се движи возот и одзеле предмети кои се користат за сигнализација на возовите. Од страна на вработен тоа било навремено забележано и вратено во првобитната положба за влез на возот кој се чекал. За настанот бил запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во соопштението на СВР Битола.
122