На 26/27.02.22 во периодот од 22.00 до 02.00 часот полициски службеници од СВР Битола на подрачјето на СВР Битола, спроведоа акциска контрола за управување возило под дејство на алкохол. За време на контролата констатирани и законски санкционирани се 27 прекршоци.
„Притоа, најголемиот број од нив се на подрачјето на Битола – 12, на подрачјето на Прилеп – 9, по 2 на подрачјето на Ресен и Демир Хисар и по една на подрачјето на Македонски Брод и Крушево. За време на контролата биле санкционирани и 25 останати прекршоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од СВР Битола.
153