Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која цената на горивата од полноќ се зголемува.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) се зголемуваат за 1,50 денари/литар.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84,00 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 86,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 75,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 1,00 денари/литар и изнесува 74,50 ден/лит.
125