Се чисти снегот во Крушево, се посолува и се работи на пристапни патеки

Утрово ЈП „Комуна“ Крушево продолжува со посолување и расчистување на пристапни патеки до објекти од витално значење.

Денес ќе се работи главно со тракторот на посолување и расчистување на потесните улички во градот. Истовремено, од рано утрово вработените започнаа со расчистување на снегот до банки, УЈП, пензионерскиот дом и други слични институции и објекти и со тоа обезбедувајќи пристап до истите.

„Вчера работевме постојано за да обезбедиме чисти улици и непречено функционирање, а секако улиците да бидат проодни за да може непречено да започне работната недела. Продолжуваме и денес главно со посолување и оспособување на пристапни патеки.“, изјави ВД директорката на ЈП „Комуна“ Крушево Станка Ефремова Трајкоска.

Во текот на вчерашниот снег во Крушево заврна околу 20цм снег.

За зимско одржување на улиците „Комуна“ се води од Програмата за организирање и функционирање на зимското одржување на улици и општинските патишта на подрачјето на опшина Крушево.

Сите информации, барања и поплаки доставувајте ги преку ☎️ 048 477 169 ✉️ komunakrusevo@yahoo.com 💻 Во порака на Фејсбук страницата на ЈП Комуна Крушево.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи