Општина Прилеп заврши со реализација на првиот дел од II-та фаза на проектот за „Реконструкција на главен довод од Пашоски ливади до собирна шахта за град Прилеп“.
Во оваа фаза беа инсталирани дополнителни 213 метри DN 300 мм дуктилни цевки, со што се изврши реконструкција на главниот довод до стационажа 3.253 метри.
Во текот на наредните денови ќе се продолжи со бетонските работи околу каптажата на изворот Пашоски Ливади.
89