ВИДЕО – Тимот за спасување кој трага по малиот Петар не успеа да дојде старите окна на „Партизанка“ поради лошото време


Спасувачкиот тим, кој што веќе 4 ден трага по малиот Петар Џобески, кој исчезна кај селото Врбско во прилепско Мариово и покрај обидите, поради лошото време и големите наноси на снег денеска не успеа да стигне до старите окна на поранешната фабрика „Партизанка“ каде што во минатото се вадела руда фелдспат, за производство на огно отпорни цигли.

„Окната се со длабочина од околу –50 метри. Тие се наоѓаат на околу 1.5 км од селото Врбско кај месноста викана Рамна нива. Според луѓето кои го познаваат овој крај во нив нема никој влезено откако е затворен рудникот, а тоа е повеќе од 40 години. Поради непристапниот терен, големите наноси од снег кои се движат и до 60 см. не успеавме да стигнеме до местото. Во окното има голема концентрација на моноксид и јаглерод диоксид CO2, затоа носевме и боци за дишење со кислород и инструменти за проверка на воздухот, се со цел да се слези безбедно, бидејќи станува збор за доста ризична операција“, истакна Дарко Неданоски, раководител на Спасителна служба „Златоврв“ – Прилеп.

Во овој тим денеска учествуваа членови на тимот од Прилеп за заштита и спасување од високи објекти, тимот за брз одговор за спасување од планина од ПОЗС – Битола, Дирекцијата за заштита и спасување, Министерство за внатрешни работи, пограничната полиција Старавина, подрачно Витолиште како и членови на Спасителната служба „Златоврв“ – Прилеп.

Сега се очекува да се најдат друг вид на возила, гусеничари, кои спасувачкиот тим ќе може да го однесат до ова место.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи