Нов обид да се влезе во старите окна на „Партизанка“ – продолжува потрагата по малиот Петар


Утринава од Прилеп тргна поголем конвој кој ќе продолжи со потрагата 10 годишниот Петар Џобески кој на 25.02 исчезна кај селото Врбско во Мариово. Спасувачки тимови повторно ќе се обидат да влезат во старите напуштени окна на некогашната фабрика „Партизанка“ кои се длабоки над 50 метри. Во овие окна ниикој нема влезено повеќе од 40 години. Во окното има голема концентрација на моноксид и јаглерод диоксид CO2, затоа екипите носат и боци за дишење со кислород и инструменти за проверка на воздухот, бидејќи станува збор за доста ризична операција. Поради снежните наноси до таму ќе се оди со АТВ санки.

Друга екипа пак ќе се упати над селото да се пребарува во делот каде што досега не е пребарувано.

Во оваа акција учествуваат 100 луѓе и припадници на државните служби како: Центар за управување со кризи, Тимот од Прилеп за заштита и спасување од високи објекти, Тимот за брз одговор за спасување од планина од ПОЗС – Битола, Дирекција за заштита и спасување, Министерство за внатрешни работи, погранична полиција Старавина подрачно Витолиште, Спасителна служба Златоврв Прилеп, АРМ, ТППЕ Прилеп, ТППЕ Штип. Вклучени се и доброволци.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи