Започнува еко акција на засадување дрвја низ Прилеп

Од ЈКП,, Комуналец’’- Прилеп соопштија дека во соработка со Локалната самоуправа започнуваат голема еко акцијата за засадување на дрвја.
„Комуналците од денеска започнаа со засадување на дрвја по булеварот на потегот од споменикот на Прилепски бранители до автобуската станица. Дрвја од видот липа се засадува на местата на старите, дотраени и искорнати липи. Престојнава пролет планот на Локалната самоуправа и ЈКП „Комуналец“ е еко акцијата за засадување на дрвја да се одвива етапно и на повеќе локации низ градов и населените места. Липа, костен, бреза, и јасен ќе се засадува во повеќе паркови и по тротоарскиот дел од улиците, а планирано е да се засади бадем и обнови старата исечена и уништена бадемова шума под Марковите кули“, велат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи