ВИДЕО – Со изложбата на рачно изработени маски денеска започна Карневалот „Прочка“


Со отворањето на изложбата на рачно изработени традиционални маски од страна на учениците од Прилеп денеска во Домот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, по пауза од 2 годиниm, започна 20-тото јубилејно изадние на карневалот „Прочка“. На изложбата беа поставени над 300 уникатни креации, најголем дел од нив разботени од природни материјали. За најдобрите маски имаше подготвено и награди, а првото место го доби Димитар Талески, ученик во ООУ „Кирил и Методиј“, од селото Подмол.

„Ме инспирираше тоа што е плетена, ја изработив со гранки од жалба врба. Ја работев скоро еден месец со плетење на гранките. Таа претставува како кошница од пчели со природни материјали“, вели Димитар Талески, ученик во ООУ „Кирил и Методиј“, од село Подмол.

 

„Се наоѓаме на изложбата каде што се изложени над 300 маски од рацете на нашите најмлади учесници, продолжители на нашата традиција. На најдобрите им беа врачени скромни подароци од страна на градоначалникот, а нив ги избра Комисија составена од тројца стручни наставници“, додаде Снежана Ристеска, Советник за култура во Општина Прилеп.

Поради пандемијата, но и поради ограниченоста со финансиски средства годинава на карневалот ќе има маски само од Прилеп и Македонија. Досега се пријавиле над 500 учесниции со 15-тина маски, но пријавување е се уште отворено. Поради помалиот број на маски годинава нема да има дефиле во сабота, туку сите маски ќе продефилиираат во недела во центарот на Прилеп со почеток во 12 часот.

„Иако со помал број на маски и оваа година ќе имаме добар карневал, бидејќи Прилеп е карневалски град. Покрај маските ќе има голем број на прилепчани кои ќе бидат маскирани или преправени и надвор од карневалот. Ќе отсуствуваат странските маски кои се секогаш помеѓу најдобрите, но оваа година и ние имаме доста добри маски, ќе видат самите посетители“, истакна Ванќо Ѓорѓиев, Претседател на здружение „Прилепски мечкари“.

Покрај дефилето ќе има и магионичари, жонглери, акробати, а фестивалот ќе заврши со концерт на групата „Фолтин“. Од здружението „Прилепски Мечкари“, кои се едни од организаторите на Карневалот истакнаа дека годинава после подолг период купиле нови кожи, костуми и материјали за нивната маска. Ова маска од страна на Министерството за култура е призната и како нематеријално културно богатство на Македонија, а нивната крајна цел е да бидат заштитени како маска и до УНЕСКО, на што веќе работат во последниов период.

Карневалот завршува во понеделник со ручек од посен грав за сите граѓани, кој го готви касапскиот еснаф во Прилеп, кои пак всушност се и членовите на маската „Прилепски Мачкари“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи