Сојузот на стопански комори ќе добие тројца нови потпретседатели

Facebook
Twitter
Email
Print

Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија м-р Трајан Ангелоски утврди предлог до Управниот Одбор за избор на нови потпретседатели на Сојузот, м-р Горан Ѓорѓиевски претседател на Агро-бизнис комора, проф. д-р Орце Симов, претседател на ИКТ Комора и д-р Тања Дејаноска претседател на Комора за приватно здравство.

Измените во раководните структури се дел од поширок процес на реформски активности за внатрешно реорганизирање и зајакнување на капацитетите на Сојузот со цел следење на современите трендови и текови на делување, во насока на подобро застапување на интересите на  членовите и остварување на нивните потреби за раст и развој на бизнисите. Новите потпретседатели се истакнати и докажани бизнисмени и претприемачи кои преку нови и свежи идеи ќе  дадат значаен инпут во планирањето и спроведувањето на новите активности.

Тројцата нови потпретседателите доаѓаат на местото на досегашните Драган Митковски, Александра Андреева, Ивица Јаќимовски и Владимир Граматиков чиј мандат се прекинува.

Сојузот на стопански комори на Македонија е најголема деловна организација која ги промовира и застапува интересите на сите стопански субјекти кои се негови членови. Покрај големите компании, а имајќи го предвид фактот дека малите и средни претпријатија се движечка сила на секоја економија и дека нивниот развој, долгорочно гледано, води кон јакнење на целокупната економија, ССК во своето делување посебен акцент става на развој и поддршка на малите и средни претпријатија. Сојузот овозможува застапување, пристап до информации, бази на податоци, едукација, правни совети, помага во идентификување на нови деловни партнери, овозможува настапи на саеми, обезбедува информации за извори на финансирање.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи