Маската „Доаѓањето на Аладин“ беше прогласена за најмаска на годинешното 20-то јубилејно издание на карневалот „Прочка“. Во маската учествуваа вкупно 56 ученици 1- г 4-г 4-д, 5-г и 5-д од ООУ „Кочо Рацин“, под менторство на наставничките Ментори Каролина Тренеска, Наташа Аризанкоска, Зоре Ангелеска и Светлана Велкоска.
Костумите беа дело на прилепскиот уметник Александар Џинго, додека атрактивната кочија со која Аладин пристигна на прилепскиот карневал се дело на Снеже Цветковска – сопственик на Decoration hous „Lizijan“.
„Благодарност до училиштето за помошта и подршката, а особено голема благодарност за добиената донација од компанијата Комфи Ангел без која не можеше да се направи овој раскош и убавина“, велат наставничките ментори.
203