Мартин Крстески во боксеркото деби во профи-рингот загуби со одлука на судиите од Рико Гигер во Устер, Швајцарија во средна категорија. Мартин го имаше за противник Рико Гигер, кој е трикратен светски шампион во кик бокс и дебитант во профи боксот.
„Но, тоа беше голем мотив за нашиот боксер да се прикаже во одлично светло. Во првата рунда Мартин зададе контра задно кроше кое беше доста опасно за Гигер. После тоа Гигер виде опасност и не прифајкаше борба, работеше само од дистанца. И во 2 и 3 рунда имаше добри контри од страна на Мартин. Борбата заврши со победа на Гигер со едно гласна одлука на судиите. Браво Мартин иден шампион“, вели тренерот и менаџер Дарко Чатлески.
Промотерот Флориан Гелев направи одлична организација со добра сценографија и преполна сала со над 1.000 гости , а мечмеикер беше Авдил Салиху од кои се прикажаа 4 одлични професионални борби во бокс.
„За скоро време во Македонија се планира нашиот шампион во кик бокс Даниел Стефановски да дебитира во професионален бокс, чекаме потврда од менаџерскиот тим на Даниел“, додава Чатлески.