Новофирмираните тутунски здруженија испраќаат јавен повик за состанок до сите земјоделски здруженија во Македонија на ден 10-03-2022 год.со почеток во 17 часот во Прилеп. Темата на средбата ќе била „Спас на земјоделието во Македонија“. Тутунарите велат дека нивната борба, била борба за опстанокот на државата.
„Последното покачување на дизел горивото од 10 денари ја прели чашата на и така катастрофалната ситуација во која се наоѓа нашето земјоделие но и ние како земјоделци. Ако цените на ѓубривата и репроматеријалите со кои сме соочени во моментов не доведуваше до знак прашалник и дали воопшто во вакви околности вреди да произведуваме каде и стандардот ни е тотално уништен и нашиот производ заради ниските откупни цени обезвреднет до понижување и загуба, целкупното наше производство во една ваква ситуација е бессмислено. И затоа заради овие лоши земјоделски политики и катастрофалното менаџирање со овој сектор доведени сме до крајно фрустрирачка и потценувачка ситуација и сме на прагот да ги оставиме нивите необработени а жителите на оваа држава без храна. Затоа ИТНО ги повикуваме сите Земјоделски здруженија од сите гранки на средба на ден 10 03 2022 во Прилеп со почеток во 17 часот“, велат од новофирмираните тутунски здруженија.