Пинг понгарскиот клуб „Крушево“ забележува нов успех на државниот турнир за играчи до 15 години кој се одржа во Струмица на 06.03.2022.г. На овој државен натпревар Фани Јованоска од ППК „Крушево“ го освои златниот медал и со тоа воспостави доминација во оваа категорија.
Пинг понгарскиот клуб од Крушево во оваа 2022-ра година забележа низа успеси кои според тренерот Михаил Габелоски потврдуваат дека клубот е најголем извор на таленти во повеќе категории.
Еден ден порано, членовите на пинг понгарскиот клуб „Крушево“ освоија 3 бронзени медали во категоријата до 21 година – Теодор Волкановски, Васе Богоевска и Софија Хасану.