Ковачевски: Без родова рамноправност нема ни демократија, ниту социјална правда

Facebook
Twitter
Email
Print

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска учествуваа на настанот „Различни приказни, заедничка борба“, организиран во Владата по повод одбележувањето на 8 Март – Меѓународниот ден на жената.

„Денеска е денот кога даваме гласност на пораките дека без потполна родова рамноправност нема ни демократија, ниту социјална правда! Она за кое јас се залагам, е тоа одбележување да не е само денеска. Цврсто стојам на ставот дека овие прашања ќе бидат решени само ако им дадеме постојана гласност и видливост – секој ден. 8 Март е секако можност да поразговараме за економската, политичката и социјалната рамноправност на жените, но тој е првиот од 365 дена гласност за која јас силно се залагам. Како Влада активно работиме да изградиме општество без стереотипи и дискриминација, општество кое е инклузивно и обезбедува еднакви можности за сите. Општество во кое сите заеднички се грижиме и секојдневно ги охрабруваме борбата против родовата нерамноправност, сексизмот и мизогинијата. Активно работиме за да ги запреме сите видови на неправда во општеството, зашто борбата за правата на жените и девојките е борба за праведно општество“, изјави Ковачевски.

На настанот, учествуваа повеќе жени од различни сфери на општествениот живот, кои ги споделија своите лични и инспиративни приказни. Кај сите нив, беше видлива хуманоста и храброста која им е заедничка во совладувањето на животните предизвици.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи