Секоја жена е херој во нечиј живот – хуманитарна акција на Детската Амбасада за Сите Деца во Светот

Со мотото „Секоја жена е херој во нечиј живот“, децата координатори при Детската Амбасада за Сите Деца во Светот, по повод Меѓународниот ден на жената 8ми Март реализираа хуманитарна акција со продажба на цвеќина. Како и во изминатите години продажбата е со хуманитарен карактер со тоа што собраните средства ќе бидат донирани на самохрана мајка од Прилеп.

За време на продажбата се помина во најдобар ред, со тоа што се вклучија повеќе граѓани кои донираа парични средства зголемувајќи ја шансата за што повеќе донации.

Целта на оваа активност е исполнета во целост на заслуга на децата координатори и тимот од Детската Амбасада за Сите Деца во Светот.

Солидарноста на граѓаните и овој пат се докажа со тоа што иако самите ја определуваа цената се собраа доволно парични средства за да се помогне на оваа самохрана мајка.

Голема благодарност до Марте Екоцвет од Битола за донирањето на прекрасните цвеќиња, кои што неколку години се дел од оваа хуманитарна акција и даваат голем придонес во градењето на хуманистичкото општество.

Во оваа прилика на понежниот пол им го честитаме овај за нив значаен празник.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи