„Комуналец“ продолжува со засадувањето дрвја низ Прилеп


Продолжува засадување на нови дрвја во Прилеп. Денеска дрвја од видот платан и липа ЈКП „Комуналец“ засадуваше во паркот кај Основниот суд и во парковите во населбата Димо Наредникот.

„Со оглед што на 21 март е Ден на пролетта, или Ден на екологијата, комуналците овој месец го посвеуваат на зеленилото, со засадување на нови садници, одржување и фито заштита на постојното зеленило“, велат од ЈКП „Комуналец“.

Претходно во четвртокот на 03.03 дрвја од видот липа се засадуваа по булеварот на потегот од споменикот на Прилепски бранители до автобуската станица на местата на старите, дотраени и искорнати липи.

„Липа, костен, бреза, јасен и јавор ќе се засадува во повеќе паркови и по тротоарскиот дел од улиците, а планирано е да се засади бадем и обнови старата исечена и уништена бадемова шума под Марковите кули“, додаваат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп

За овие два дена, денеска и во четвртокот низ Прилеп се засадени околу 50-тина садници.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи