Санирани кратерите на ул. „Пане Талески“ по вчерашната објава на Инфо Компас за катастрофалната состојба со улицата


После вчерашнатат вест на Инфо Компас дека жителите на ул. „Пане Талески“ во Прилеп ги искршија колите поради ископаната улица, која во таа состојба се наоѓа веќе 7 месеци и никој од надлежните не сака да преземе ништо, денеска дупките, кои беа ископани поради замена на нова водоводна мрежа, беа санирани и затрупани со чакал и песок.

Пред 2 дена еден од  жител на улицата „Пане Талески“, во населбата „Под Кули“ останал без своето тркало откако со автомобилот удрил во една од дупките.

Жителите очекуваат дека истите наскоро ќе бидат и асфалтирани и дека ул. „Пане Талески“ конечно ќе добие урбан лик.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи