Во текот на вчерашната вечер (08./09.03.2022) во периодот од 18.00 до 02.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Македонија, при што санкционирани се 65 возачи. Од нив 20 на територија на СВР Скопје, 10 на територија на СВР Охрид, осум на територија на СВР Битола…
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
97