Вработените во ЈКП „Комуналец“ денеска започнаа со уредување на спортските терени на Могилата и замена на искинатите ограднии мрежи.
„Се обновува старата искината и дотраена заштитна мрежа, се прават нови влезови на спортските терени за кошарка и мал фудбал, а во план е целосно да се оспособи и одбојкарското игралиште. Денеска во комплексот Могила, вработените од паркови и зеленило засадуваа и нови садници дрвја“, велат од ЈКП „Комуналец“.
99