Притвор за 4 прилепчани осомничени за над 90 тешки кражби во куќи, викендици, цркви, колонијални продавници, трафостаници


Секторот за внатрешни работи Битола-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп и Отсекот за општ криминал при СВР Битола  до Основното јавно обвинителство Прилеп, поднесе кривична пријава против С.А (33),Ф.Е (40),Д.К (19) и Џ.А (30) сите од  Прилеп, осомничени дека сториле серија од кривични дела – Тешка кражба од член 236 од Кривичниот законик.

Имено, пријавените од  декември 2021 година до март 2022 извршиле 32 тешки кражби во куќи, цркви, колонијални продавници, трафостаници на подрачјето на Прилеп и селата Костинци, Слепче, Веселчани, Алинци, Лопатица, Вранче, Заполжани и Стровија, при што насилно ги отварале со подесен алат и одземале разни бакарни предмети, покуќнина, рачен алат, кабли, гуми,електрични апарати , пари…

На подрачјето на Битола во период од 2021 до март 2022 година тројца од осомничените С.А (33), Ф.Е (40), Д.К (19) извршиле 62 тешки кражби во куќи во руралните средини ,како селата Новаци, Агларци, Ношпал, Добрушево, Вашарејца, Мусинци, Путурус, Мојно, Рибарци, Ротино, Кажани, Црнеец, Ѓавато, Горно Српци, Црнобуки, Логоварди, Беранци, при што одземале разни алати, апарати, гуми и покуќнина.

Од страна на полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп и Отсекот за општ криминал  Битола преземени се повеќе опетаривно тактички  мерки, при што пронајдени се  и одземени дел од предметите, додека се преземаат дејствија за пронаоѓање и на останатите предмети. Притоа осомничените се  лишени од слобода , истите ги признале извршените кражби и  од судија на претходна постапка од Основниот суд одредена им е  мерка притвор.

Дополнително се преземаат мерки и активности со цел обезбедување на нови докази и сознанија во насока на проширување на кривичната пријава и откривање на нови дела и сторители.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи