Прилепчани крајно несовесни, направиле депонија од секој слободен простор – што прават инспекторите?


Вистинска депонија е направен просторот  позади спортската сала „Македонија“, каде денеска комуналците исекоја диви израстоци од јасен и шипови и собираа купишта најразновиден отпад. Од ЈКП „Комуналец“ истакнаа дека дека ќе се чисти секоја педа во и околу градов, но очекуваат и голема поддршка од локалното население се со цел да се постигне поголема чистота, здрава животна средина и парите на јавното претпријатие да не се трошат само за чистење.

„Комунален отпад без оглед на количината го собираат комуналните работници од домаќинствата. Отпадот за селкција се одлага во жолтата канта, додека поголеми пластични предмети ( туби, корита, пластични столици, ролетни и др.) се оставаат до жолтата канта. За габаритен отпад да се јавуваат на тел: 048/428 992, на емајл: presskomunalec@yahoo.com,  во месинџер на страницата на јавното претпријатие, оваа услуга е бесплатна, а се извршува секој четврток во неделата. За градежен шут и отпад од градење се врши услуга со достава на контејнер од 5м3 по цена од 1360,00 денари, односно трактор со цена од 620,00 денари. Стаклена амбалажа се одлага во ИГЛО звоната поставени на 40 локации низ градов. Граѓаните со сопствен превоз можат да го транспортираат отпадот до депонијата во Алинци, каде не се наплаќа за влез и депонирање.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи