Тутунарите реагираат и најавуваат земјоделски простести по игнорантскиот однос на Министерството за земјоделие

Новоформираните тутунски здруженија реагираат по повод закажаниот состанок на министерот за земјоделие со тутунари во Радовиш на 16.03.2022 година, истакнувајќи дека центарот на тутунопроизводството во Македонија е во Прилеп и дека средбите со одбрани тутунари нема да ги решат проблемите во тутунопроизводството или земјоделието воопшто.

Реакцијата ја пренесуваме во целост.

„Почитувани тутунопроизводители, замислете министерот ги кани откупните компании на средба во Радовиш на ден 16 03 2022 на средба со тутунари.

Министре ако не знаете, да ви кажеме. Центарот на тутунопроизводството во Македонија е Прилеп, или знаете но ви е страв да разговарате со вистинските тутунари па си носите по ваш ќеф одбрани тутунари за разговори со откупните компании?

Зарем министре сметате со одбрани тутунари или статисти кои ќе глумат загриженост и конструктивност на таа средба и кои ќе молчат и аминуваат се што вие ќе кажете ќе ги решите проблемите во земјоделието и тутунопроизводството?

Дојдете во Прилеп министере и сретнете се со вистинските тутунари и борци за правата на тутунарите докажани во последните 2 години.

Ако навистина сакате да им помогнете на тутунарите и сите земјоделци во Македонија министре, не треба да измислувате топла вода, доволно е да ги спроведете решенијата на новите тутунски здруженија кои се за спас на тутунската индустрија и тутунопроизводството како и целокупното земјоделие во државата.

И за крај министре:

Дали сте свесни  дека со ваквиот ваш игнорантски однос кон нас како тутунски и земјоделски здруженија од кои неодамна добивте конкретни барања и решенија кои произлегоа од одржаната средба во Прилеп за спас на земјоделието, вие  свесно не туркате нас земјоделците на протести кои и ќе се случат во најкус можен период.

НО ВИЕ СИ ЗНАЕТЕ!!!“, истакна Игор Мирчески, координатор на новоформираните тутунски здруженија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи