Не е исклучено земјава преку еврообврзница да земе заем од 600 милиони евра, односно целото планирано задолжување за годинава да се земе однадвор. Подготовките се завршени се чека погоден момент и пониски каматни стапки, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими за ТВ24.
Според Бесими се ќе зависи од условите, и остануваат отворени двете опции – задолжувањето да биде дел на надворешниот, дел на домашниот пазар.
101