Кога ја видел шумската го оставил возилото и избегал – одземени диво исечени дрва кај прилепско Слепче


Шумската полиција од Прилеп попладнево кај селото Слепче заплени возило шкода фелиција натоварено со еден метар просторен нелегално исечени дрва, а во близина на возилото биле откриени уште 3 метри просторни нелегално исечени дрва од истиот сторител. Инаку поради тоа што нема возило шумската полиција од Прилеп започна да излегува на терен со сопствени возила.

Дрвокрадецот кога ги забележал ја оставил колата и дрвата и избегал. Запленетото возило и дрвата се предадени во „Црн Бор“, а ќе била поднесена и пријава против непознат сторител.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи