Се замолуваат граѓаните и возачите во Прилеп да внимаваат каде и како фрлаат отпадоци

Комуналците повторно ги чистат излезите од градов. Иако обиколниот пат од кај Жито Прилеп за Варош, се исчисти во месец декември, денеска на оваа реалација се собираа купишта отпад.

Според Оперативниот план од „Комуналец“, (финасиката можност и расположивите човечки ресурси) влезовите се планирани да се косат и чистат два пати во годината (напролет и наесен) , но со оглед на количината на исфрлен отпад се чини дека комуналците ќе мораат ваквите фреквентни релации да ги чистат повеќе пати. Останува апелот од „Комуналец“, граѓаните да внимаваат како и каде ги исфрлаат отпадоците за да не се трошат беспотребно пари само за чистење.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи