Основците веќе не мора да носат маски, нема да се бараат сертификати за отворениот дел од угостителските објекти

Учениците во основните училишта не мора повеќе да носат маска за време на часовите, препорача Комисијата за заштита од заразни болести.

„Тоа значи дека за децата до деветто одделение нема да биде задолжително носењето маски. Останува обврската за носење маска за наставниците и административно-техничкиот персонал – рече д-р Злате Мехмедовиќ.

Доколку родителите сметаат дека нивното дете и понатаму треба да носи маска на училиште, тоа ќе им биде овозможено.

Комисијата донесе уште една одлука поврзана со ковид мерките, а тоа е зголемување на капацитетот на посетители на настани во затворени објекти, како што се кина, опери, театри од 50 % на 75 %.

Исто така нема да се бараат сертификати за примена вакцина или за прележување на болеста на отворениот дел во угостителските објекти.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи