Акција за пошумување кај манастирот Св. Петка во с. Лениште

Интернационалната полициска асоцијација Македонија – Регион Прилеп во соработка со џудо клубот „Сеишин“ од Прилеп во недела организираат акција за пошумување во атарот на манастирот Св. Петка во близина на с. Лениште.

Акцијата е со почеток во 9 часот. Организираниот превоз до манастирот тргнува во недела во 8:30 часот од пред Домот на културата Марко Цепенков во Прилеп.

Секој добронамерен граѓанин кој сака да учествува во истата треба да си понесе неопходен алат за садење како лопата, дурија или казма.

ДА ЈА ОБНОВИМЕ И ЗАЧУВАМЕ ПРИРОДНАТА СРЕДИНА!

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи