ВИДЕО – Прилеп ќе добие локален акциски тим за борба против насилниот екстремизам и тероризам


Прилеп ќе добие локален акциски тим за борба против насилниот екстремизам и тероризам, како дел од националната стратегија за борба против овој на вид насилство. Од Центарот за заедничка основа кои одржа состанок со претставници од локалните институции, полицијата, НВО секторот и верските заедници, истакнуваат дека иако во помал обем се уште постојат одрдени форми на насилство, особено меѓу младите. Затоа интензивно се дејствува преку училиштата, а целта била идните генерации да комуницираат без насилство и со почитување еден кон друг.

„Тоа се активности и во училиштата преку превентивни активности за: социјална кохезија, градење доверба помеѓу претставници од различни заедници, преку настани кои децата ги доближуваат, било преку спортот или културата, да градиме мостови, особено да се бориме против сите видови насилство, а истовремено, да ги учиме младите како да комуницираат меѓу себе на еден ненасилен начин, како да градат доверба“, вели Вилма Венковска Милчев, извршен директор на Центра за заедничка основа Скопје.

Од Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и радикализам велат дека во целиот процес биле вклучени наставниците, професори од областа на трудот и социјалата, образованието, како и верските заедници како битен сегмент во превентивата од насилен екстремизам. Убедуваат дека сега во Македонија не постои опасност од радикализми и насилство во поголеми размери.

„Не е тоа што беше порано. Веќе имаме луѓе на теренот кои работат на случаите. Работиме со училиштата, со професорите, со сите сектори за исклучување и намалување на каков било вид радикализам и насилство, без разлика дали тоа е верска, етничка, или каква било радикализација. Апсолутно не сме во опасност од тоа. Праќаме порака дека нема опасност тоа да биде во поголема форма“, истакна Џеладин Ајвази, заменик претседател на националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и радикализам.

Надлежните институции во Прилеп велат дека ситуациијата во градот е мирна и стабилна на ова поле и нема опасност од никаков вид на насилство.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи