Шумската полиција пронајде 8 метри просторни нелегално исечени дрва кај прилепско Беловодица


ШПС Прилеп во соработка со ШПС Крушево кај прилепското село Беловодица, во близина на манастирот, денеска пронајдоа 8 метри просторни нелегално исечени дрва. Дрвокрадци на терен не се видени. Нелегално исечените дрва најверојатно биле наредени и само се чекало погоден момент тие да бидат транспортирани од страна на дрвокрадците во Прилеп.

Одземените дрва ќе бидат пренесени во Крушево, во подружницата на Македонски Шуми – „Липа“, затоа што во недела не работи подружницата на Македонски Шуми во Прилеп – „Црн Бор“, каде најчесто се складираат нелегално одземените дрва.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи