Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за промена на малопродажните цени на горивата, која стапува на сила денес на полноќ, со која што бензините поевтинуваат, додека дизелот поскапува.
Според најновата одлука на Регулаторна, бензините поевтинуваат за половина денар, а цената на дизелот се зголемува за 1 денер.
Со тоа, новите цени на нафтените деривати се: ЕУРОСУПЕР БС 95 – 79,00 (денари/литар), ЕУРОСУПЕР БС 98 – 81,00 (денари/литар), ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 77,00 (денари/литар), Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 73,50 (денари/литар), Мазут М-1 НС – 52,354 (денари/килограм).
137