Проблемот со дрвокардството не е од денес, а ние веќе разговаравме со надлежните да ги зголемат своите контроли, ова е одговорот на премиерот Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа што планира да преземе Владата за да се спречи овој криминал кој во Прилеп се случува пред очите на сите институции.
„Во однос на проблемот со дрвокрадците, тој не е од денес, тој постои многу одамна. Веќе разговаравме со надлежните во шумската полиција да ги зајакнат нивните контроли, но исто така разговаравме и ќе продолжиме да разговараме со Министерството за внатрешни работи исто така да се вклучи во решавање на тој проблем“, рече Ковачески.
За информација шумската полиција во Прилеп 3 месеци нема возило, а регуларната полиција и не презема некои големи акции?
„Во однос на екипираноста на шумската полиција, знаете дека неколку пати добивав прашања во однос на обезбедување возила итн, тоа го имаме ограничено и со самиот буџет за 2022 година, но и кога се правеше Буџетот гледавме да инспекциските служби на кои што им се потрени такви возила да бидат обезбедени и во услови на најголемата светска економска криза која ја имаме после Втората светска војна“, додаде Ковачевски.